Постојат многу начини да откриете дали вашата партнерка изневерува, бидејќи постојат знаци кои кажуваат, но новото истражување покажа дека мажите со една физичка карактеристика имаат поголеми шанси.
Имено, врз основа на истражување спроведено меѓу 2.000 членови на illicitencounters.com, водечкиот сајт за запознавање во Обединетото Кралство, 52 отсто од мажите кои признале дека изневеруваат имаат голем нос.
Дури 78 отсто од мажите рекле дека веруваат дека им се попривлечни на жените поради големиот нос.
Меѓу оние кои изневерувале, само 18 проценти имаат мал нос, па може да се каже дека оваа физичка карактеристика има врска со оваа веројатност.
Портпаролката на истражувањето изјавила дека верува дека поголемиот нос покажува одредено чувство на мажественост и дека во таквите мажи има нешто што едноставно ги привлекува жените.
Претходна студија од 2017 година покажа дека и мажите „кои имаат пошироко лице“ изневеруваат почесто од оние кои немаат, но и тоа, исто како и оваа студија, треба да се земе со резерва, пишува aktivni.si.