Министерството за правда денеска ги објави сите предлози од парламентарните политички партии за членови ви работните групи за уставни измени.
„Пристигнати предлози од политички партии: Цветанка Иванова-СДСМ, Арбр Адеми-ДУИ, Ремзи Мехмеди-Алијанса на Албанците, Соња Мираковска-НСДП, Нано Ружин-ЛДП, Христа Најданов-ДОМ, Темелко Ристески-Партија на пензионери, Раметула Куќи-ДПА, Еран Куртиш-Партија за движење на Турците, Бејџан Илјас-Демократска партија на Турците. Пристигнати предлози од институции: Александар Спасов-Кабинет на претседател на Република Северна Македонија, Драган Тилев-Секретаријат за европски прашања, Шпенд Садики-Министерство за надворешни работи. Експертите кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе се соопштат до крајот на неделава. Ве информираме дека ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог-иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови“, информираше Министерството за правда.