More

    Протечените документи од Пентагон откриваат нешто и за Египет

    spot_img

    Протечените документи на Пентагон се чини дека откриваат нешта и за други држави. Меѓу нив е и чувствителен разговор од 1 март меѓу  јужнокорејски високи функционери за тоа дали да се испрати оружје во Украина. Исто така, дознава Би-Би-Си, владата во Сеул била загрижена дека артилериските гранати кои веќе се согласила да ѝ ги  достави на САД ќе бидат пренасочени за војната, со што САД би го скршиле договорeниот услов да го задржат оружјето само за себе.

    Се работи за прислушуван разговор меѓу две официјални лица, ооветник за надворешни работи и национален советник за безбедност. Првото лице било загрижено дека американскиот претседател Џо Бајден може директно да му се јави на својот колега Јун Сук-Јол од Јужна Кореја и да го притисне да обезбеди оружје за  Украина.

    Тогаш второто лице, советникот за безбедност, предлага нешто друго – Јужна Кореја да ѝ продава гранати на Полска, бидејќи „брзото доставување на муницијата во Украина беше крајната цел на САД“.

    Јужна Кореја досега јавно се опира на притисокот на САД за испраќање оружје во Украина.

    Времето истекува за Јужна Кореја. За две недели, претседателот Јун ќе отпатува во Белата куќа во државна посета за да прослави 70 години од сојузот меѓу двете земји – сојузот што САД тешко го истакнуваат е сè уште „облечен во железо“.

    Сеул ги нарече „апсурдни и лажни“ сомнежите дека САД шпионирале, велејќи дека не е можно да се пресретнат разговори внатре во претседателската канцеларија, но и дека е малку веројатно разговорот да бил воден во подземните бункери.

    Истовремено, документите откриваат дека Египет планирал тајно да ѝ испорача 40.000 проектили на Русија, пишува денеска Вашингтон Пост. Претседателот на земјата, Абдел Фатах Ел-Сиси, наводно, наредил производство и транспорт на оружје, и покрај тоа што Египет е еден од најблиските сојузници на Америка на Блискиот Исток.

    Дел од документот од 17 февруари ги сумира наводните разговори меѓу претседателот Сиси и високи египетски воени претставници. Претседателот Сиси, наводно, им рекол на официјалните лица да го чуваат производството и испораката на ракетите во тајност „за да се избегнат проблеми со Западот“.

    „Во документот не е експлицитно наведено зошто Русија е заинтересирана за набавка на ракетите, но нејзината војска троши огромни количини муниција во војната, додека американската влада тврди дека Северна Кореја тајно ја снабдува Русија со артилериски куршуми и дека Кина размислува правејќи го истото“, пишува Вашингтон Пост.

    Москва и Каиро неодамна потпишаа неколку значајни договори, вклучувајќи го и договорот оваа година Русија да изгради огромна железничка работилница во Египет. Росатом, руската државна корпорација за атомска енергија, исто така, лани започна со изградба на првата нуклеарна централа во Египет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img