More

    Остра реакција од ВМРО-ДПМНЕ за пеналите од 200 милиони евра на кои се обврзува владата

    spot_img

    Ковачевски и Груби само за ова треба да одат во затвор, прифатиле обврска да платат пенали од 200 милиони евра ако не променат закони во полза на изведувачите на коридорите, велат од најголемата опозициска партија.

    „Владејачкото мнозинство на Ковачевски далеку од очите на јавноста во кратка постапка се обидува да промени 9 закони со кои дава дополнителни повластувања на изведувачот на коридорите. Овие измени ќе значат посебни повластици за акцизи, даноци, давачки, можност за пренамена на земјоделско во градежно земјиште, промена на регулативата кога се работи за културно наследство и многу други примери. Сите овие експресни измени се без јавна расправа со експертите и на штета на граѓаните и државата“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

    Оттаму додаваа дека очигледно Ковачевски и Груби брзаат за да ги покријат свои лоши политики и обврски кои ги презеле.

    „Имено еден од законите кој Ковачевски и Груби брзаат да го изменат е законот за работни односи и да воведат 60 часовна работна недела. Притоа Ковачевски и Груби се обврзале дека доколку не го направат тоа ќе се исплаќаат огромни пенали кон изведувачот. Овие пенали се состојат од еднократна исплата на 53 милиони евра, плус 2,1 милион евра месечно во текот на изградбата и згора на се пролонгирање на рокот за изградба кој ќе надмине 5 години. Вкупниот износ на пеналите кои Ковачевски и Груби ги прифатиле е околу 200 милиони евра дополнителни средства за изградбата на коридорите само заради една неспроведена законска измена“, стои во реакцијата од партијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img