More

    Рударите останаа заглавени во рудникот, чекајќи спас повеќе од 15 часа

    spot_img

    Претседателот на Синдикатот на рударите „Трепче Југ“, Ибрахим Јонузи, изјави дека десет рудари од околу 40 заглавени во рудничката окна успеале да излезат, а триесетина од нив чекаат да се санира електричната грешка во лифтот.

    -„Поради електричен дефект во лифтот, од 03:00 часот изутрината таму се 40-тина рудари, од кои 10 заминаа преку други излези, додека уште 30 се очекува наскоро да заминат на излез. На терен се екипи на итната помош, мобилни екипи, полиција. Верувам дека сите ќе излезат многу брзо“, изјави Ибрахим Јонузи за приштинските медиуми.

    Јонузи додаде дека рударите се загрижени, а нивната здравствена состојба е стабилна.

    „Поради прекин на струја, четириесетина рудари беа заглавени во рудникот Трепча повеќе од 15 часа“, потврди Јонузи за приштинските медиуми.

    Според него, се очекува многу брзо рударите да го напуштат окното.

    „Трепча Југ“ е една од двете компании на југот на Митровица и вработува исклучиво Албанци.

    Тука е и „Трепча Сјевер“ каде што се вработени Срби.

    Ова не е прв пат рударите на „Трепче Југ“ да не можат да излезат на површина поради проблеми со струја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img