More

    Предлагачите на измените на законите за коридорите се повлекуваат од измените на Законот за заштита на културното наследство

    spot_img

    Предлагачите на измените на законите за коридорите се повлекуваат од измените на Законот за заштита на културното наследство, соопшти Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната седница.

    Ова се случи по денешниот протест на претставниците на Македонското археолошко друштво и на ИКОМОС недвижно културно наследство, кои апелираа до пратениците да не се носат закони на штета на културното наследство а заради олеснување на работата на компанијата „Бехтел и Енка“ на коридорите 8 и 10д.

    Пратениците во рамки на денешната 112. седница со 58 гласа „за“, тројца „против“ и ниту еден воздржан го изгласаа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка – предложен од пратениците Арбана Пашоли, Арбен Зибери, Арбер Адеми, Арта Биљали-Зендели, Бајрам Кадрија, Бедри Фазли, Берат Ајдари, Вјолца Адеми, Љатифе Шиковска, Марија Георгиевска, Мерита Колчи Коџаџику, Рина Ајдари, Фиснике Бектеши Шаќири и Халил Снопче.

    Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги задолжи собраниските Комисија за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија да расправаат по овој предлог-закон.

    – Начелата врз кои се заснова законот е економичност и ефикасност на постапката. Основните решенија се во насока на прецизирање на начин на проектирање, ревизија, изградба на надзорот и ставање во употреба на предметните градби. Имајќи во предвид дека не станува збор за сложен закон, во согласност со членот 70 од Деловникот на Собранието предлагаме овој предлог на закон да се донесе по скратена постапка – рече координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција и еден од предлагачите, Арбер Адеми

    Во процедурално обраќање координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека нивната пратеничка група повикува и апелира овие закони да се повлечат, да се организира јавна расправа на која што сите засегнати страни пред се експертската јавност ќе даде свое мислење и аргументи и врз основа на тоа Владата ќе направи заклучоци според кои ќе делува во иднина. Тој ги повика пратениците од власта да не гласаат за потребата од овој дневен ред.

    Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ процедурално истакна дека ова што се прави во Собранието е со единствена цел да се наштети на угледот на најголемиот инфраструктурен проект во последните 70 години во државата.

    – Но, тоа што е одлука на опозицијата е одлука на опозицијата. Ниту бегаме од дебата, ниту сакаме нешто набрзина да биде донесено. Само ги гледаме проблемите кои што се случуваа на терен, имајќи ги во предвид претходните инфраструктурни објекти кои што се градат низ државата – рече Митрески.

    Пратеничката на ДОМ, Маја Морачанин потенцира дека нема дилема оти овие инфраструктурни проекти се потребни, во интерес на граѓаните и државата, но, таа побара овие закони да бидат повлечени од дневниот ред.

    – Овие закони кои што се поднесени во скратена постапка и кои што навистина зафаќаат многу различни области од законската регулатива и од практичното функционирање во државата, и даваат големи привилегии за оние кои што ќе го изведуваат овој проект. Најмалку што можеме да направиме е денеска да не се усвојува овој дневен ред и законите ако веќе има потреба, да се пуштат во нормална процедура – рече Морачанин.

    Во процедурална забелешка ставот против носење на овие закони го истакна и пратеникот на Левица Борислав Крмов.

    Во Собранието првпат денеска се случува неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство да гласаат воздржано или против одредени закони. Против или воздржани за некои од законите беа пратениците од ЛДП Моника Зајкова и Боби Мојсовски, против беше Маја Морачанин од ДОМ и Љупчо Балковски од ВМРО-НП, а исто така воздржан или против за некои од законите беше и Мирослав Јовановиќ од Српската странка во Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img