Познатата двојна оскаровка Хилари Свонк роди близнаци на 48 години. Таа доби син и ќерка, а веста ја објави денеска на својот Инстаграм профил.
„Не беше лесно, но вредеше. Среќен Велигден! Вака е во чистиот рај“, напиша Свонк на објавата на нејзинот Инстаграм профил.
Хилари не ги соопшти имињата на своите деца.
Опсипана со честитки, објавата во првиот час им се допаднала на околу 100.000 луѓе.