Судењето за случајот „Тендери“, против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, е одложено за 20 април годинава.
На денешното рочиште во Судот присутна беше Канческа Милевска, но не дојде нејзиниот бранител, адвокатот Сашо Дуковска, кој писмено го известил Судот дека има итна медицинска интервенција на близок член од семејството.
На денешното рочиште требаше да се почне со завршни зборови на Обвинителството.
Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ во врска тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дека од проектот „Скопје 2014“.
Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.
ИСПРАВКА Текстот на претходната вест содржеше неточности коишто ги коригираше МИА.
фото: МИА