Шеесет и четири заболени и четворица починати се регистрирани во последниот извештај за ковид-19

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шеесет и четири заболени и четворица починати се регистрирани во последниот извештај за ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 965 тестови, а регистрирани се 64 нови случаи на ковид-19: Скопје – 50, Прилеп и Кавадарци по 5, Битола, Тетово, Крива Паланка и Виница по1.

Од вкупниот број позитивни (64), регистрирани се 12 реинфекциии. Оздравеле 296 пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица во болнички услови, по едно од Скопје (63) и од Струмица (77).

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени две починати лица, од Скопје (73) и од Гевгелија (63). Тие починале во периодот од 05.03. до 12.03.2022 година. Едно лице починало во болнички услови, а едно во домашни.

Од вкупниот број починати (4), кај 3 се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се дијагностицирани 303.418 лица со ковид-19оздравеле 292.344, починале 9.184, а бројот на активни случаи изнесува 1.890. Во Скопје има 1031 активни случаи.

Share This Article