More

    Во Германија веќе не важат сите заштитни мерки против коронавирусот

    spot_img

    Во Германија, од денеска, по повеќе од три години, престануваат да важат сите заштитни мерки против пандемијата на коронавирус, но политичарите предупредуваат дека Ковид се уште претставува ризик по здравјето.Мерките се укинуваат, но тоа не значи дека коронавирусот исчезна. Внимателноста и набљудувањето на состојбите на терен и натаму остануваат инструменти на политиката на заштита од заразни болести, изјави портпаролот на владејачката партија Зелени Јанош Дахмен, пренесува Хина.

    Од денеска престануваат да важат и последните преостанати мерки како обврската за носење маски во здравствените установи и домовите за стари лица за посетителите, а престануваат да важат и сите ограничувања за влез во Германија поврзани со пандемијата. Во февруари беше укинато задолжителното носење маски во јавниот превоз.

    Правилата за вакцинација против коронавирусот се префрлаат од вонредна состојба на редовен здравствен систем.

    Во Германија сè уште се регистрираат неколку илјади нови случаи на инфекција секој ден, но министерот за здравство Карл Лотербах минатата недела изјави дека пандемијата во Германија е „успешно надмината“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img