More

    Демократи побараа итно да се отповика одлуката на Уставен

    spot_img

    Група граѓани, членови на политичката партија Демократи попладнево одржа мирен протест во знак на револт против одлуката на Уставниот суд за зголемувањето на платите на функционерите.

    „Нема пари за лекови, има пари за 78 отсто“, „Итно отповикување на срамната одлука на Уставниот суд“, „Судии! Независно судство е и Ваша лична слобода“,  „78 отсто грабеж на народниот буџет“, „Астрономски плати за функционерите, а народот гладува“, беа транспарентите на собраните граѓани.

    Демократи порачаа дека изминатите 30 години ништо не е сменето и се дозволи младите да заминат од државата. Тие побараа воведување една изборна единица со отворени листи, еднакво финансирање од Буџетот на сите политички субјекти кои учествуваат на изборите, како и нивна еднаква застапеност во медиумите.

    Протестот беше најавен преку социјалните мрежи пред Уставниот суд, а се одржа пред Археолошкиот музеј.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img