Познатата пејачка минатата година откри дека боледува од ретка болест. Селин Дион сега јавно им проговори на своите фанови, па низ солзи зборуваше за синдромот на вкочанета личност.
Оваа болест се карактеризира со чести мускулни грчеви, а „напаѓа“ еден од милион пациент. Со текот на времето, заболените почнуваат да имаат потешкотии во движењето, ја губат и моќта на говорот, а синдромот е најпознат по тоа што оние кои страдаат од него ги претвора во човечки статуи.
За оваа болест се уште не е откриен лек, а третманите кои можат само да помогнат во забавување на напредокот на болеста, пренесува nova.rs.
Селин Дион моментално е на ваков третман, па истакна дека мора да ја откаже европската турнеја, бидејќи не може да патува и да настапува.
„Долго време се борам за моето здравје. Тешко ми беше да се соочам со сите проблеми и јавно да зборувам на оваа тема. Неодамна ми беше дијагностицирана. Синдром на вкочанета личност. Сите сè уште учиме за ова, но едно е сигурно, овој синдром е причината поради која мускулите ми се грчат. Тие болни грчеви навистина влијаат на моето секојдневие. Тешко ми е да се движам од време на време, а понекогаш тоа ми ги погодува гласните жици, па не можам да пеам“, објаснила познатата пејачка во изјавата, додавајќи:
„Тоа значи дека нема ништо од европската турнеја. Ме чува фантастичен тим лекари, а со мене има и деца кои секако ми посакуваат добро и ми пружаат максимална поддршка. Вежбам напорно со физиотерапевтот и морам да признаам дека навистина се мачам, за денес или утре повторно да имам сила да застанам на сцената и да ракувам со микрофонот. Сè што знам да правам е да пеам. Тоа го правев цел живот и многу го сакам. И многу ми недостигате сите“.