Ковачевски најави измени на законската регулатива

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во фаза на изработка се законските решенија со кои ќе се овозможи граѓаните да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Веќе се работи на обезбедување на либерализиран пристап за да може секое домаќинство во државата да инсталира фотоволтаични системи, а се подготвува и закон со кој ќе се олесни постапката за инсталирање на фотоволтаични системи на покривите на домаќинствата и на индустриските објекти.

-Дополнително во план е да се зголеми и моќноста на системите, која во моментов е 4 киловати да стане 6 киловати за домаќинствата, а за деловните субјекти од постојните 20 киловати без лиценца на 40 киловати со лиценца, а над тоа со вадење на лиценца да можат неограничено да поставуваат во зависност од можноста што има ја дава просторот и условите за поврзување на дистрибутивната електроенергетска мрежа – рече Ковачевски.

Покрај тоа, додаде тој, со правилникот за поврзување, кој е во подготовка, ќе се овозможи дистрибутерите на електрична енергија да ја преземаат произведената електрична енергија од домаќинствата по цена по која дистрибутерот ја презема од државниот производител на електрична енергија.

-Третата промена е да може електричната енергија на најлесен можен начин да се разменува за што веќе се подготвува подзаконски акт во Министерството за финансии со кој ќе биде  овозможено воведување на даночен застапник, по примерот на западно европските држава, за да може откупувачот на електричната енергија да издаде фактура за домаќинствата, бидејќи тие не се даночни обврзници, и со тоа да се овозможи размена на електрична енергија и соодветно третирање на ДДВ – појасни Ковачевски.

Share This Article