Непознато лице синоќа украло трамвај во Загреб, го возело околу загрепското предградие Трешњевка, таму го оставило и заминало во непознат правец, пишува хрватскиот портал „Индекс“.
„Синоќа нешто пред 23 часот непознат сторител украл нископоден трамвај кој бил подготвен за сообраќај, го возел на исток кон улицата „Тратинска“, каде го оставил возилото и заминал во непознат правец“, соопшти јавното претпријатие за трамвајски сообраќај ЗЕТ.
Во трамвајот за тоа време немало патници, во инцидентот нема повредени, а возилото не е оштетено.
Полицијата запленила снимки од видео надзорот во возилото за да го пронајде сторителот, а од ЗЕТ велат дека е покрената внатрешна истрага за утврдување на одговорноста за овој пропуст.