Во 2021 година активното население во земјава изнесувало 943 004 лица, од кои вработени се 795 087, а 147 917 лица се невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од податоците може да се види дека стапката на активност во овој период е 56, стапката на вработеност 47,2, додека стапката на невработеност изнесува 15,7.
Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во 2020 изнесувала 16,4.