Познатиот актер Винсент Касел ги избриша сите фотографии од својот Инстаграм профил на кои се гледа неговата сопруга Тина Кунаки, а овој потег на некој начин ги потврди неодамнешните шпекулации за нивниот развод.
Во изминатите неколку месеци се шпекулираше дека францускиот актер се разведува, а сега со еден потег ги потврди овие шпекулации.
Имено, Винсент Касел преку ноќ ги избриша сите фотографии од својата сопруга Тина Кунаки од својот Инстаграм профил.
Касел и Кунаки беа заедно пет години, а сопругата на славниот актер, која е успешен фотомодел е три децении помлада од Винсент.
Актерот и фотомоделот се венчаа во 2018 година, две години откако јавноста дозна за нивната врска.
„Тие раскинаа пред неколку недели. На Тина и е скршено срце“, потврдил извор за Дејли Мејл.
Иако нивните ПР тимови не ги коментираа гласините за развод, потегот на Винсент на социјалните мрежи откри дека нивната љубов се распаднала. Винсент на својот Инстаграм профил имаше многу фотографии со сопругата, исто толку љубовни изјави, а сега ги избриша сите.
Тина и Винсент ја имаат четиригодишната ќерка Амазонија.