Вакво оружје Западот нема, ги гори внатрешните органи, соборува цели згради

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вакуумски термобарични бомби од кои не можете да се скриете ни во ров бидејќи топлината ги гори внатрешните органи на телото, но и внатрешните ѕидови на објектите планира да користи руската армија во новата пролетна офанзива. Њузвик пишува дека овие системи, кои во неколку наврати беа искористени им биле дадени и на руските воздухопловни сили. Ги викаат „големите пламенофрлачи“ или „сончев припек“, на кратко „сонцепек“.

„Ви даваме импозантно оружје со кое не може да се споредува арсеналот на Западот“, се наведува во изјавата за печат на руски полковник објавена од Министерството за одбрана на Русија.

Се работи за ракети кои, во својата стандардна форма, се испукуваат од земја, од ракетен систем наречен ТОС-1А. Тој се врзува на тенкови од типот Т-72. Има 24 ракети со дострел од 6 километри. Целиот натоварен тенк тежи 4,6 тони, а може да се движии до 60 километри на час. Имаше случаи кога Украинците од воздух соборија неколку вакви тенкови на земјата.

Но, сега влоговите во војната се поголеми. Позади секој ТОС-1А ќе оди возило со уште 48 ракети. Ракетите работат на цврсто гориво, што е карактеристика само за термобаричните ракети. Заедно со ракетите се фрлаат и гранати со чад за да предизвикаат паника и збунетост. Самото возило исто така може да испушта чад за да не биде фатено на радар.
Во видео кое се прошири на социјалните мрежи од наводен напад со вакви ракети од 2 април се тврди дека температурата од експлозијата достигнла и до 3.000 степени целзиусови.

Според руските државни медиуми, Москва ќе ги користи за уништување згради, инфраструктура и украински војници.

– ТОС-1A е деструктивен систем. Може да ја уништи инфраструктурата, да ги оштети внатрешните органи на човекот и да ја изгори неговата кожа. Повредите што ги предизвикуваат може да бидат фатални – соопшти Министерството за одбрана на Велика Британија.

Советскиот Сојуз го користеше ТОС-1A за време на Советско-авганистанската војна, а Русија ги користеше за време на војните во Чеченија и војната во Украина. Американците користеа термобарично оружје во 1960-тите.

Воениот и одбранбен експерт Дејвид Хемблинг вели дека ТОС-1А е дизајниран да уништува утврдувања, ровови и бункери. Може да биде многу ефикасен и Русите го сметаат за едно од најважните оружја во нивниот арсенал. Се верува дека Русија има ограничен број од овие ракетни системи.

Хемблинг рече дека ТОС-1А практично не може да се користи за напад на цивилни области без да се загрозат нивните животи. Тој додаде дека некои поради тоа го нарекуваат „мобилно воено злосторство“.

- Advertisement -
Ad image

Термобаричното оружје не е нелегално, но не смее да се користи на начин што потенцијално може да ги загрози цивилите.

Share This Article