Атлетик објави дека Френк Лампард се согласил да ја преземе работата како привремен менаџер на Челзи до крајот на сезоната.
Поранешен легендарен играч на клубот, тој веќе беше на таа позиција од јули 2019 до јануари 2021 година. Потоа беше заменет со Томас Тухел, а по него на почетокот на сезоната дојде и Греам Потер, кој минатата недела доби отказ.
Кадарот на Лампард не е променет во однос на неговиот прв мандат и времето поминато во Евертон, каде што доби отказ во јануари. Повторно ќе му се придружат неговиот поранешен соиграч од Челзи и репрезентацијата, Ешли Кол, како и Џо Едвардс и Крис Џонс.
Со враќањето на Лампард, Челзи купи време за детална потрага по вистинско, долгорочно решение за да не мора повторно да плаќа десетици милиони евра обештетување поради предвременото раскинување на договорот. Најсериозни кандидати досега се Јулијан Нагелсман и Луис Енрике.