More

    Синот на претседателот на Уганда шокираше со изјавата

    spot_img

    „Наречете ме „путинист“ ако сакате, но Уганда треба да испрати војници да ја бранат Москва доколку империјалистите некогаш ѝ се закануваат. Западот губи време со бескорисна проукраинска пропаганда“.

    Вака на Твитер напиша синот на претседателот на Уганда, Мухози Кајнеругаба и ја изненади јавноста. Тој е жесток поддржувач на Владимир Путин. На пример, во јули, кога Сергеј Лавров имаше турнеја низ Африка, Кајнеругаба изјави:

    – Како можеме да бидеме против некој што никогаш не нè повредил?

    Тука се мисли на фактот дека Африка и Русија имаат традиционално силни врски поради поддршката која Русија ја даваше за движењата на независност на континентот од колонијалните сили, пишува АфрикаЊуз.

    Меѓу другото, Уганда беше воздржана кога во Обединетите Нации се гласаше за украинскиот конфликт.

    Мухози Кајнеругаба ќе се кандидира за претседател на изборите во 2026 година, а веќе најави дека нова телевизија и радио во земјата ќе го носат неговото име, односно иницијалите „МК“.

    Додека Кајнеругаба зборува за пуштање војници во Русија, Путин од своја страна покани нови 147.000 регрути да се борат во Украина. Оваа пролетна кампања ќе трае до 15 јули. Претседателот на Русија најави дека новите регрути нема да бидат испраќани во критични подрачја каде се води војна, во Доњецк, Луганск, Запорожје и во Херсон.

    Но, многу експерти велат дека ова е трик за младите регрути да бидат испратени во првите редови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img