Српската полиција соопшти дека во рамките на акцијата „Армагедон“ вчера биле уапсени 12 осомничени за педофилија и поседување содржини со детска порнографија.
„Осомничените се уапсени за постоење основан сомнеж дека извршиле кривични дела набавка, прикажување и поседување порнографски материјал со детска порнографија, искористување малолетници за порнографија и сексуално вознемирување, соопшти полицијата.
Уапсени се П.Р.(47) од Вршац, С.И.(44) од Белград, Д.Ф.(51) од Бечеј, П.Г.(45) од Ада, Л.Р.(62) од Бачка Топола, Ј.С.(51) од Прокупље, С.В.(62) Великa Градишка, Е.Г.(48), В.Д.(34), С.П.(34) од Нови Сад, У.С.(34) од Шабац и Д.М.(49) од Крагуевац.
Сомнежите се дека тие подолго време преку интернет преземале, снимале на уреди и споделувале содржини на кои имало искористување деца во порнографски цели.
Исто така, полицијата смета дека тие преку социјалните мрежи и мобилни апликации стапувале во контакт со децата.
„Осомничени се дека договарале и оствариле средби со малолетници со цел стапување во сексуални односи. Осомничените ќе бидат изнесени пред надлежното обвинителство“ – соопшти српското министерство за внатрешни работи.