More

    Шпанската водителка со помош на синот доби дете на 68 години

    spot_img

    Шпанската водителка Ана Гарсија Обрегон неодамна ги изненади сите кога се дозна дека добила дете на 68 години, а сега се испостави дека тоа го направила со помош на нејзиниот покоен син, а дека малата не е нејзината ќерка, туку нејзината внука.

    Кога пред една недела се дозна дека познатата водителка Ана Гарсија Обрегон родила дете на 68 години, светот остана во целосен шок. Веста е откриена случајно, кога била фотографирана како излегува од болница држејчи го бебето во раце, завиткано во розово ќебе, а набргу потоа се појави информација дека славната Шпанка добила дете со помош на сурогат-мајка во Америка и дека на детето му дала исто име како нејзиното.

    Јавноста не го пофали тоа што жената на таа возраст повторно стана мајка, особено што пред две години го загуби својот 27-годишен син кој почина од рак. Многумина се на мислење дека таа е премногу стара за мајчинство.

    Но, сега дојде до пресврт, исто толку шокантен, бидејќи се покажа дека малата Ана Сандра не е нејзина ќерка, туку нејзина внука. Со оглед на тоа што водителката имаше само едно дете, синот Алекс, јасно е дека Ана Сандра е негово дете.

    Славната Ана ги откри сите детали за магазинот „Хола“. Нејзината внука била зачната со полови клетки на нејзиниот покоен син кои биле складирани во криокомора.

    „Ова беше една од последните желби на мојот син Алекс, кој навистина сакаше да има дете“, рече Ана и појасни дека нејзиниот син, кој почина од рак во 2020 година, и рекол на смртната постела дека има три желби: да почне фондацијата против ракот, да ја заврши книгата што ја пишувал и да основа семејство.

    „Сега кога му ја исполнив последната желба на син ми, можам да продолжам да живеам“, изјави водителката и откри дека постапката била покрената веднаш по смртта на Алекс, но дека сурогат-мајката имала проблеми со зачнувањето. На крајот процедурата била успешна и се родила малата Ана Сандра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img