More

    Пленковиќ им порача на пратениците да вложат дополнителни напори во спроведување на реформите за ЕУ

    spot_img

    Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој е во официјална посета на земјава, во своето обраќање пред пратениците во Собранието оцени дека неговиот престој во Скопје претставува нов чекор во продлабочување на нашите и онака одлични и пријателски односи. Пленковиќ го сподели хрватското искуство за влез во Унијата и бенефитите од тоа, но исто така ги охрабри пратениците и граѓаните да продолжат по тој пат, иако на моменти изгледа дека на него има многу препреки.

    – Не само што Хрватска и Северна Македонија немаат отворени проблеми, туку и нашите односи секој ден се поблиски, посодржински и поцврсти. Тоа особено откако Северна Македонија стана членка на НАТО, со што станавме сојузници – истакна Пленковиќ.

    Хрватскиот премиер нагласи дека денеска дошол во Скопје за уште еднаш да ја повтори јасната и цврста поддршка што Хрватска од самиот почеток ја дава на европскиот пат на Северна Македонија. Тој изрази гордост што одлуката за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е донесена за време на хрватското претседавање со Советот на ЕУ, што беше еден од клучните приоритети на Загреб.

    Пленковиќ потенцира дека Хрватска исто така е и најактивната држава членка на ЕУ кога станува збор за поддршката и јакнењето на институционалните капацитети на нашата земја за пристапни преговори и членство во Унијата. Изрази задоволство што амбасадорот Владимир Дробњак, кој беше главен хрватски преговарач со ЕУ и помага на нашата Влада. Пленковиќ посочи дека Хрватска оваа година одбележува 10 години од членството во ЕУ и со влезот во Шенгенскиот простор и Еврозоната се постигнати двете најважни надворешнополитички цели, така што земјата сега е целосно интегрирана во ЕУ и со тоа подобро заштитена од сегашните и идните кризи.

    – Во сегашни околности да припаѓаш во кругот од вкупно 15 земји кои се истовремено членки на НАТО, ЕУ, на Шенген и на Еврозоната и тоа како е голема предност, бидејќи значајно придонесува за нашата безбедност, како и политичката и финансиската стабилност – рече Пленковиќ.

    Кога станува збор за политиката за проширување, тој нагласи дека премиерот на Хрватска може да послужи како пример за силата на трансформацијата што во себе ја носи перспективата за членство во ЕУ.

    Пленковиќ ја потенцира важноста на политичкиот консензус на сите хрватски парламентарни партии за време на пристапни преговори за членството на Хрватска во ЕУ. Тоа, според него, значајно придонело за завршување на преговорите и покрај прилично неповолните околности.

    – Улогата на Парламентот којшто усвои огромен број закони поради усогласување со европската регулатива беше клучна за успехот на нашиот пристапен процес – рече Пленковиќ.

    За таа цел во Хрватскиот сабор било формирано посебно работно тело, Национална комисија за следење на преговорите со ЕУ на чие чело бил претставник на опозицијата, додека местото на потпретседател и припаѓала на владејачката партија. Освен тоа, членови биле и претставници на академската заедница, на Синдикатот и работодавачите, со цел да се вклучат што поголем број претставници и кои исто така биле важни во подготовките на што подобри преговарачки ставови.

    – Од денешна перспектива можам да кажам дека таков еден „Сојуз за Европа“ ги собра сите политички и општествени структури и спречи околу процесот на преговори со ЕУ да се водат погубни внатрешно-политички битки и препреки, кои инаку би го забавиле нашиот пат кон членство – рече Пленковиќ.

    Според него, припадниците на сите делови од хрватското општество и целокупната јавност почувствувале дека процесот на пристапување кон ЕУ е заеднички потфат. Токму затоа клучната порака на хрватскиот премиер беше упатена кон пратениците и сите граѓани на Македонија.

    – Со бројни примери го докажавте повеќе од јасно вашето определување за членство во ЕУ, покажувајќи политичка визија и храброст во исклучително предизвикувачки политички моменти за вашата земја. Свесен сум и во целост разбирам одредени фрустрации и незадоволство, имајќи ги предвид годините на чекање пред вратата на ЕУ, но овој пат сакам да ве охрабрам да не губите верба и надеж, туку напротив да вложите дополнителни напори во спроведување на реформите и условите како подготовка за идно членство во Унијата. Колку и тоа сега да ви се чини тешко и неизвесно, политичките прилики и вашето јасно определување за членство во Унијата, во ЕУ, бара да направите исклучително важен чекор за вашата земја, за нејзините граѓани и идните генерации – рече хрватскиот премиер.

    Хрватска, нагласи Пленковиќ, со своето влијание, искуство и знаење ќе продолжи да и помага на Северна Македонија на нејзиниот зацртан европски пат.

    – Во Хрватска со која делите долга традиција на заемни односи ќе имате и натаму искрен и најверен сојузник. Северна Македонија заслужува да биде дел од европското семејство – порача тој, повторувајќи ја цврстата поддршка што Хрватска и ја дава на Северна Македонија на европскиот пат.

    Осврнувајќи се на војната во Украина пред пратениците, Пленковиќ рече дека Хрватска ќе продолжи и натаму да ја поддржува оваа земја на политички, финансиски и дипломатски план, хуманитарно и со воена помош. Тој изрази задоволство што за сето тоа постои согласност со Владата на Северна Македонија која во тој поглед ја усогласи својата надворешна политика со надворешната политика на ЕУ, што е од особена важност бидејќи, како што кажа, Северна Македонија покажала дека е навистина приврзана кон заедничките европски вредности и дека е на вистинската страна на историјата.

    Според Пленковиќ, бројни предизвици и закани во овој момент бараат силна поангажирана и појасна улога на ЕУ во глобалните односи. Тој додаде дека руската агресија на Украина фрли ново светло и на перспективите на земјите од ЈИЕ и нивниот стремеж да се придружат на ЕУ, а во согласност со тоа потребна е нова стратешка визија за иднината на регионот за да се осигура не само нејзината стабилност, туку и демократизацијата и стопанскиот развој.

    – Идното членство на земјите од Југоисточна Европа во ЕУ е вистински политички, безбедносен и економски интерес на Унијата – заклучи Пленковиќ.

    На свечената седница присуствуваа и претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министри во Владата, претставници на судската власт, лидери на верските заедници, амбасадори и претставници на дипломатскиот кор…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img