More

    Руперт Мардок ја раскина свршувачката по две недели

    spot_img

    Американскиот медиумски магнат Руперт Мардок (92) одеднаш ја откажа свршувачката со радио водителката Ен Лесли Смит (66), со која планираше да се ожени летово, пишува „Венити фер“. Портпаролот на Мардок одби да ја коментира ситуацијата.

    Сопственикот на медиумската куќа „News Crop“ и еден од најбогатите луѓе во САД ја објавија свршувачката пред неколку недели, откако парот заедно беше на одмор на Барбадос. Недолго потоа, „Волстрит журнал“ напиша дека Мардок купил стан од 30 милиони долари во Њујорк за себе и неговата свршеница.

    – Бев многу нервозен. Се плашев да се заљубам бидејќи знаев дека ова ќе ми биде последен пат – изјави тој за „Њујорк пост“.

    Ен Лесли Смит е конзервативна радио водителка која отворено зборува за нејзината посветеност на религијата, што наводно му пречело на Мардок и го натерало да ја раскине свршувачката.

    Милијардерот зад себе има четири брака, а од поранешната сопруга, манекенката Џери Хол (66) се разведе пред една година. Со Хол беше од 2016 година, а неговата прва сопруга беше стјуардесата Патриша Брокер, со која се ожени на 25 години. Потоа, тој беше во брак 32 години со новинарката Ана Торв, како и со кинеската претприемачка Венди Денг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img