Пејачката Дуа Липа треба да го има своето актерско деби како дел од екипата на претстојниот филм на режисерката Грета Гервиг за популарната кукла Барби.
Поп ѕвездата Дуа Липа се смета за едно од изненадувачките додатоци на актерската екипа на „Барби“, која ги вклучува претходно најавените водечки Маргот Роби и Рајан Гослинг како Барби и Кен.
На плакатот кој кружеше на социјалните мрежи по неговото објавување, Дуа може да се види како позира со русокоса перика, а поднасловот на постерот гласи „Оваа Барби е сирена“.
Потврдена е и дека Дуа снимила неколку сосема нови песни за да се вклучат во саундтракот на филмот, пренесува Official Charts.
Филмот „Барби“ доаѓа од прославената режисерка Грета Гервиг, која го напиша сценариото со нејзиниот партнер Ноа Баумбах. Иако најавениот филм минатата година стана интернет сензација, малкумина се запознаени со заплетот на филмот. Засега, единствениот синопсис достапен на интернет гласи: „Откако беше исфрлена од „Барбиленд“ поради тоа што е несовршена кукла, Барби тргнува во авантура во реалниот свет за да ја пронајде вистинската среќа.
Првиот трејлер привлече големо внимание – речиси половина милион луѓе го погледнаа за само два часа по објавувањето.
„Барби“, филм за кукла произведен од познатиот производител на кукли Mattel, ќе излезе на 21 јули 2023 година.
Програмата на N1 телевизија можете да ја следите ВО ЖИВО на овој линк како и преку апликации за Android|iPhone/iPad