More

    Структурите што го штитеа се уриваат како кула од карти, а листата на неговите дела е долга

    spot_img

    Падот на Мило Ѓукановиќ, лидерот на ДПС, по 34 години на власт, започна еден вид верижна реакција – корумпирани обвинители, судии, полицајци, кои со години покриваа членови на озлогласениот Кавачкиот клан, се подготвуваат да ја напуштат службата, а некои, како што дознава „Република.рс“ веќе се нудат како сведоци или соработници на правдата.

    Октоподот сега е обезглавен, па сите се во страв да не „протесчат“ нивни комуникации на „Скајп“, кои може да покажат кој во државните структури штител криминалци, кој и во чие име купувал станови во регионот, па и на ексклузивни локации во Белград, пишува порталот.

    На сите им е јасно што значи заминувањето на Мило од власт, дека мора да ги повлече соработниците на мафијата од судскиот и безбедносниот систем. Три децении криминалот имаше поддршка и заштита во тие структури и тука е нивниот крај. Обвинителите и полицајците кои обезбедуваа заштита на мафијата се подготвуваат да ја напуштат службата, а некои од нив веќе неофицијално се нудат како сведоци соработници – вели извор на „Република.рс“ од безбедносните структури во Црна Гора.

    За почеток, ќе се уриваат негови дивоградби

    Голем е кругот на оние кои криминално работеа под закрила на државата и за нив ова е дефинитивен крај. Мило беше браната што ги чуваше, со неговото заминување сите паѓаат.

    Дека Ѓукановиќ го чекаат непријатни времиња покажуваат и последните вести поврзани со него. Ден по поразот на изборите градежниот инспекторат на Црна Гора доставил наредба да бидат урнати негови дивоградби во Никшиќ, од 170 и 89 метри квадратни, бидејќи биле во спротивност со општинскиот просторно -урбанистички план. Во решението рокот за извршување на таа наредба е 20 дена од денот на приемот, а доколку Ѓукановиќ во тој рок не ги урне тие објекти, тоа ќе го направи државата на негова сметка . И ова е само почеток на неговите проблеми, велат упатените во црногорските прилики.

    Поддржувач па противник на Милошевиќ

    Ѓукановиќ ја започна својата политичка кариера во 1979 година како член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија. Тој беше поддржувач на Слободан Милошевиќ и набрзо стана еден од лидерите на социјалистичка Црна Гора. Во 1991 година Сојузот на комунистите на Југославија го смени името во Демократска партија на социјалистите (ДПС) на Црна Гора, чиј член беше и тој, а во 1998 година беше избран за нејзин претседател. Оддалечувањето од Милошевиќ доведе до поделба на ДПС на оние предводени од него и други предводени од Момир Булатовиќ. Од таа поделба се роди Социјалистичката народна партија предводена од Булатовиќ.

    Ѓукановиќ дојде на власт на 29 години, во време кога Југославија се распаѓаше. Тој стана единствениот лидер во овој регион кој континуирано е на власт од 1990-тите.

    Шверцот на тутун и цигари е документиран

    За време на неговите три децении на власт, медиумите го обвинуваа Ѓукановиќ за шверц на тутун во Црна Гора, но тој никогаш не одговараше кривично. Овие обвинувања се поткрепени со извештајот на италијанската полиција во 1993 година, во кој се наведува дека Црна Гора била дел од шверцерски синџир поврзан со сицилијанската мафија и криминалните семејства.

    Во јуни 2007 година италијанската агенција Анса го обвини дека водел група која шверцувала цигари меѓу Црна Гора и италијанскиот регион Пуља и заработила десетици милиони евра во периодот од 1994 до 2002 година. Две години подоцна, истрагата беше прекината бидејќи Ѓукановиќ како премиер беше заштитен со имунитет.

    Во мај 2011 година, пратеници од црногорскиот парламент поднесоа кривична пријава против него и уште тројца политичари, обвинувајќи ги дека ја оштетиле државата за 800 милиони евра при приватизацијата на Комбинатот за алуминиум во Подгорица.

    Сомнителна семејна банка, продажба на Телеком, Електропривреда..

    Во 2012 година невладината организација МАНС против Ѓукановиќ поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување со тоа што влијаел на одлучувањето во Собранието на Црна Гора кое било во интерес на Прва банка, во која тој е косопственик.

    Посочија дека тој е одговорен за носењето на законот со кој се овозможи префрлање на државните средства во банката, како милиони евра од докапитализацијата на Електропривреда на Црна Гора. Беше наведено и дека неговиот брат Александар како мнозински сопственик неотповикливо си ги доделил тие средства во вид на заеми. Обвинувањата останаа без официјална истрага.

    Во септември 2012 година, Ѓукановиќ беше сослушан од парламентарната Анкетна комисија за истрага на коруптивни практики при продажбата на Телеком. Тој тврдеше дека нема никакви неправилности и дека ова е една од најдобрите приватизации во Црна Гора.

    Семејното богатство на Ѓукановиќ е проценето на 185,2 милиони долари, а неговото лично богатство на 14,8 милиони долари, па во мај 2010 година беше на 20. место на листата на „Форбс“ на најбогати претседатели. Во описот стоеше дека „потеклото на неговите пари е мистерија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img