По 10-минутно возење низ Менхетен, во колона од 15-тина возила, поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна пред зградата на судот.
Откако излезе од автомобилот, кратко им отпоздрави на присутните пред судот и потоа влезе во зградата придружуван од агенти на Тајната служба.
Тој ќе се упати во Окружното обвинителство каде формално е уапсен, а постапката налагаше да му се земат отпечатоци од прсти.
Потоа Трамп треба да се појави пред судија, за да се изјасни по обвинеието за поткуп.
Обвинението сè уште е запечатено, но, наводно, вклучува над 30 дела за кои се верува дека се фокусираат на наводите дека поранешниот претседател фалсификувал деловни документи во текот на организирањето исплата на пари на порноѕвездата Сторми Даниелс.