Руски беспилотни летала утринава го нападнаа украинското пристаниште Одеса, соопштија локалните власти, истакнувајќи дека нападот предизвикал штета, пренесува Гардијан.
„Непријателот штотуку ги погоди Одеса и областа околу Одеса со офанзивни беспилотни летала“, соопштија локалните власти во соопштението на Фејсбук.
Има штети, се вели во соопштението без дополнителни детали, пренесува британскиот весник.
Според соопштението на украинската армија, силите за противвоздушна одбрана биле активни и предупредуваат на можен втор бран напади.
Украинските одбранбени сили уништија 14 од 17 ирански дронови Шахид, кои Русија ги лансираше во текот на ноќта, веројатно од областа на источниот брег на Азовското Море, соопшти украинската војска, а 13 беспилотни летала беа уништени над регионот Одеса во југозападниот дел од земјата.
Украинската јужна воена команда објави дека беспилотно летало удрило во претпријатие во областа Одеса, предизвикувајќи пожар кој бил изгаснат до утрото.
„Според прелиминарните информации, нема човечки загуби“, се вели во соопштението на украинската команда, пренесува Гардијан.