За позицијата инспектор за надзор на објекти и конструкции за автопатска делница Гостивар-Букојчани, дел од коридорот 8 што ќе го гради конзорциумот „Бехтел и Енка”, е ангажиран извесен Никола Ч. со завршено средно образование градежен техничар со успех „доволен 2“. За оваа позиција предвидена е плата од 344.844 денари, односно 5.600 евра месечно – открива ВМРО-ДПМНЕ од документацијата која е јавно достапна за надзор над работата на Коридорите 8 и 10Д.
„Од експерти никогаш доста, дали се тоа во железница, или одредени инспекторати, односно се експерти во надзор од коридорите 8 и 10Д од „Бехтел и Енка”. Ако се анализира документацијата од тендерот за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10Д, ќе се увиди дека недостасуваат податоци за дел од експертите. Односно недостасуваат потпишани договори на дел од тие експерти со економските оператори што го имаат добиено тендерот или нивни подизведувачи.
Од другите податоци кои се достапни, наведени се имиња и презимиња на експерти, нивното образование и работно искуство. Така, за позицијата С4. „инспектор за објекти и конструкции од персонал за автопатска делница Гостивар-Букојчани“ е наведен извесен Никола Ч. Истиот е со средно образование градежен техничар со успех „доволен (2)“. За ова работно место е предвидена нето плата од 344.844 денари, односно 5.600 евра месечно. Секојдневно надзорот на изградба на патните коридори ги вади своите сомнителни аномалии на површина – се вели во објавата на ВМРО-ДПМНЕ, во која, за заштита на лични податоци, прекриени се одредени информации од Свидетелство за завршено средно образование и во формуларот за Биографијата на предложениот експерт.