Уставниот суд ќе ја одржи 13. седница на 5 април, среда во 9:30 часот, со дневен ред на кој е предвидено да се расправа по две иницијативи за оценување на уставност и законитост и две барања за заштита на слободи и права.
Оспорен: Член 32 од Законот за даночна постапка
Подносител: Јордан Апостолски, адвокат од Скопје
Од наводите во иницијативата:
Подносителот на иницијативата наведува дека оспорената одредба се однесува на гаранција при ликвидација со којашто се определува: „Ако правното лице нема доволно парични средства да го исполни даночниот долг во целост, вклучувајќи ги и приходите од продажбата на имотот, преостанатиот долг ќе го платат основачите, управителот или членовите на управата, ако согласно со законот, статутот или актот за основање на правното лице, се солидарно или според удел одговорни за обврските на правното лице. Во случај на одговорност според подносителот гаранцијата се ограничува на соодветниот дел. Во иницијативата се наведува дека оваа одредба е спротивна на уставно- загарантираната правна заштита на сопственоста, спротивна на Законот за трговски друштва во кој е предвидено дека содружниците на друштвото одговараат неограничено и солидарно за штетата настаната со заедничката одлука.
- Реферат У.бр.110/2022, У.бр.111/2022, У.бр.112/2022 и У.бр.124/2022
Оспорена: Одлуката за превземање на мерка во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.
Подносител: Борче Јовчески, градоначалник на Општина Прилеп, ЗЕЛС, Марко Колев- градоначалник на Велес, Ацо Ристов- градоначалник на Радовиш
Од наводите во иницијативата:
Се наведува дека оспорените одредби на одлуката се непрецизни и двосмислени и оставаат можност за различна примена на Законот за јавни претпријатија, Законот за трговски друштва итн. Во една од иницијативите е наведено дека од една страна пропишуваат исклучување односно забрана на општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје да основаат јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес-јавно осветлување, а од друга страна претходно цитираните одредби на законите предвидуваат дека општините, Градот Скопје и општините на Градот Скопје може да основаат јавни претпријатија во согласност со закон како и да бидат дел од регулираниот пазар на електрична енергија, со цел да вршат дејности од јавен интерес на територијата на целата држава.
У.бр.43/2022
Подносител на барањето: Анита Галевски од Битола, преку адвокат Кирил Михајловски
Оспорено: Решение од 17.02.2022 година од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Подносителката на барањето наведува дека е дискриминирана по основ на политичка припадност согласно член 110 став 1 алинеја 3 во врска со член 32 стаав 1 и став 2 од Уставот на Република Северна Македонија. Подносителката на барањето смета дека е дискриминирана бидејќи е второрангирана на конкурс за вработеување како фармацевтски техничар при ЈЗУ Клиничка болница Битола, на чијшто оглас бил избран шесторангиран кандидат.
Реферат У.бр.137/2021
Оспорен: – Решение број IV П1 65/20 од 19 февруари 2021 година на Основниот Куманово и Решение ГЖ-1.бр.1627/21 од 19 мај 2021 година на Апелациониот суд од Скопје,
Подносители: Живко Јаќимовски и Радица Јаќимовски застапувани од Бенита Белешкова, адвокатка од Скопје
Од наводите во барањето:
Во барањето е наведено дека Живко Јаќимовски е единствен сопственик на недвижен имот со имотен лист број 40 XXX за КО Куманово со кој се стекнал на 26 септември 2018 година. Со споменатото Решение број IV П1 65/20 од 19 февруари 2021 година на Основниот граѓански суд Скопје било усвоено тужбеното барање на негов сосед од Куманово, кој бил татко и близок роднина на членови на политичка партија на Србите и затоа бил со подобра социјална и општествена политичка позиција. Според наводите во барањето Живко Јаќимовски од Скопје му го нарушил последното мирно, фактичко и непосредно совладение над опишаниот наведен имот од имотен лист број 20 XXX за КО Куманово кој бил во сосопственост на повеќе сосопственици, помеѓу кој бил и подносителот на барањето.
Покрај двете точки на дневен ред предвидено е одлучување по нацрт- одлуки за предметите:
У.бр.23/2022
Оспорени: Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска Четврт 3 04, Блок 04.05-Општина Карпош, заведена под број 09-1656/3 од 3 март 2022 година, со плански период (2020-2025), површина на опфатот(6.313 ха), изработен од „Билд Урбан” ДООЕЛ Скопје, од март 2021 година, донесена на 5. вонредна седница на Советот на Општина Карпош и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.4/2022.
Подносител: Наташа Шурбановска
Од наводите во иницијативата:
Во иницијативата е наведено дека оспорениот детален урбанистички план ги руши темелните вредности врз кои е заснован уставниот поредок и дека донесената одлука мора да биде во согласност со ГУП на Град Скопје, бидејќи просторот од градска четврт кадешто е предвидено да се гради бензинска пумпа е планиран за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, а тоа се објекти за домување и делумно комерцијални објекти, но не и објекти со класа на намена Е-инфраструктура во која влегуваат бензински пумпи. Се наведува дека не постојат услови за комунална супструктура за намена на објекти како бензинска пумпа и секоја таква градба би ја загрозило инфраструктурата и може лошо да влијае на здравјето на луѓето и на животната средина. Подносителката наведува дека општина Карпош нетранспарентно ја донела Одлуката за неспроведување на стратегиска оценка на влијанието врз животната средина.
У.бр.20/2022
Оспорен: Делот „20, 55 од Законот за изменување и дополнување на Законот за експлозивни материи („Службен весник на Република Македонија” бр.12/1993);
-делот:„член 30″ од член 31, делот: „Министерство за стопанство” од член 59 и член 72 ставови 1 и 2 од Законот за експлозивни материи.
Подносител на иницијативата: Игорче Точев од Кочани
Дел од наводите на иницијативата:
Се оспоруваат делови од членови во Законот за заштита од ескплозивни материи, кои според подносителот се спротивни со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, односно на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок. Наведените членови подносителот ги оспорил како неправилно направени измени и надополнувања на оспорените одредби кои доведуваат до правна несигурност и забуна во примена на одредбите.