На 03.04.2023 околу 19.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 31-годишниот гостиварец О.А., осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.