Во тетовската полиција на информативен разговор бил повикан е В.А.(37) од тетовското село Стримница, кој претходно бил пријавен од тетовка поради сериозна измама.
„На 02.04.2023 во 15:15 часот во СВР Тетово повикан е В.А.(37) од тетовска Стримница, кој претходно бил пријавен од 50-годишна тетовка дека кон крајот на минатата година, со закани, изнудил таа да ја продаде сопствената куќа, наводно во замена за стан во Тетово и пари“, се наведува во полицискиот билтен.
Тој не ѝ ги дал договорениот стан и пари, иако потпишала купопродажен договор.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.