More

    Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски прими претставници на Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“.

    На средбата се разговараше за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, кој по предлог од Министерството за финансии со европско знаменце е доставен до Собранието на Република Северна Македонија.

    Претставниците на Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ информираа за последиците од носењето на овие измени кои според нив ќе предизвикаат губење на работни места на вработените во овој сектор и ќе придонесат кон драматични финансиски импликации. Тие изразија негодување и за одлуката предложените измени да бидат со европско знаменце, што подразбира да се одвиваат со побрза динамика и скратена постапка, а посочија дека во предложените измени има серија одредби кои не се во согласност со Уставот.

    Претседателот Пендаровски ги сослуша аргументите на претставниците на Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ и порача дека е неопходна општествена јавна дебата со вклучување на сите засегнати страни како би се дошло до одржливо законско решение. Претседателот апелираше предложените измени да одат во регуларна процедура во законодавниот дом за да има време да се соочат сите ставови и да се изнајде решение според највисоките европски стандарди за организирање игри на среќа, кое ќе го штити националниот интерес и ќе претставува баланс меѓу засегнатите страни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img