Општина Центар веднаш го одби барањето на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за враќање на споменикот на контроверзниотАндон Лазов – Ќосето пред комплексот судови.
Арсовска, која уште на почетокот од својот мандат најави дека ќе го бара споменикот, а пред три дена поднела и официјално барање споменикот да се врати на старата локација пред комплексот судови, од каде беше отстранет како дивоградба во февруари 2018 година, во времето на мандатот на Петре Шилегов.
Споменикот беше однесен во магацин на „Металски завод-Тито“ во Скопје, а на неговото место беше засадено дрво.