Во Мексико денеска се запали балон со топол воздух, при што загинаа две лица. Пожарот избувна во близина на древниот град на Ацтеките, Теотихуакан. Во балонот имало три лица, а причината за пожарот се уште не е позната.
По избувнувањето на пожарот, балонот се урнал на земја, пишува Мексико Дејли Пост.
На социјалните мрежи се појави морничаво видео на кое се гледа како балон гори на речиси 100 метри над земјата.
На почетокот на видеото се гледа како едно лице скока од кошот обидувајќи се да се спаси, а цело време се слушаат застрашувачки и заглушувачки врисоци.
На местото на настанот, во близина на познатата пирамида на Сонцето, се испратени екипи за итна помош и пожарникари.