При гранатирање на главниот град на Украина, Киев, тешко е оштетена 10-катна станбена зграда во северозападниот дел на градот, при што се повредени пет жители, изјави денеска градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Руските сили во Ирпин, на неколку километри од Киев, истрелаа ракети и гранати врз станови во градот, јави Би-Би-Си.
Новинари во областа Свијатошински известија дека се скршени прозорци, дека е причинета штета од пожарот, уништени се неколку автомобили, а експлозијата формирала кратер во близина.
Кличко во видео обраќање изјави дека во близина се наоѓала градинка, но за среќа нема жртви.