Навикнат сум на таков тип на закани петта година по ред и не е тоа нешто ново да мене ми се случува и на моето семејство, и тие се навикнуваат веќе на ваквите закани. Тоа е амбиентот во кој живееме во Македонија. Секоја недела по некое ново убиство, се закануваат на политичари луѓе кои не им е прв пат тоа знаете има и такви кои многу пати досега се заканувале“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски додаде дека тој ќе се движи слободно и ќе продолжи да се движи слободно бидејќи не се чувствува дека на некој нешто му погрешил за да биде исплашен.
– Не сум пријавил во полиција и немам намера да пријавувам. Сум кажал многу пати во минатото дека јас сум единствен претседател на партија кој од државата нема обезбедување и покрај тоа што има загрозена безбедност, но сега нема да го прифатам и да ми го даде Спасовски или Зарко од агенцијата за национална безбедност – рече Мицкоски.
Заканите кон семејството на Мицкоски доаѓаат од фејсбук профил под името Роберт Типчето.
„Една порака до Христијан Мицкоски ако му е мила фамилијата и децата нека седи мирен во спротивно неговите деца ќе завршат во некој ендек како кучијна мувите ќе ги плуќаат!!“, стои во пораката.