Повторно се тресе штипското подрачје

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Земјотрес на 65 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип регистрирала денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, како што соопштија, земјотресот се случил во 11 часот и 31 минути со Рихтерова локална магнитуда ML1.9 и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.

Ова е трет потрес со епицентар во околината на Штип во последниве два дена. Вчера утрото околу 3 часот по полноќ земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во штипското подрачје. Земјотресот беше со епицентар на 2 километри северно од Штип, на 72 километри источно од Скопје и на длабочина од 1 километар.

Share This Article