More

    Втор ден Регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ- Гласно и храбро ги поместуваме границите“

    spot_img

    Министерството за труд и социјална политика како дел од кампањата „Гласна и храбра“, посветувајќи го месец март на менталното здравје и благосостојбата на жената како предуслов за родова еднаквост организира дводневна Регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ“, – Гласно и храбро ги поместуваме границите.

    На вториот ден од конференцијата се обратија околу 20 панелисти, претставници на институции, од земјата и регионот, амбасадори, бизнис секторот, како и претставници на невладини и меѓународни организации, експерти од областа на родовата еднаквост и комуниколози.

    Заменик претседателот на Владата за економски прашања , Фатмир Битиќи зборуваше за тоа дека на жените не им треба охрабрување и посочи:  „Вие веќе сте храбри, не ви треба заштита, вие не сте жртви, не треба да ви се даде шанса, вие сами ја земате. Вам жените не ви требам јас или било кој друг да ви каже кои сте, што можете и колку вредите. Вам жените ви требам јас и сите како мене, ослободен од моите генерациски натрупани предрасуди и очекувања. И ова е процес и пат на кој сите ќе мораме одново да научиме. Горд сум што системските закони за заштита од дискриминација, истанбулската конвенција, правичната застапеност, родово сензитивни политики и правото на еднакво вреднување на трудот се реализирани во нашата држава. И ова е факт. Но мораме да продолжиме да се бориме со сите овие пречки кои се реалност, но не и факти. Овие зборови ги кажувам јас, но искуствата се ваши, а јас ви ветувам дека секогаш ќе бидам вашиот глас. Гласен со вас и за вас ќе се борам да бидете на секоја маса каде што се носат одлуки, за вашата финансиска независност и еднаквост во домот,“ порача Битиќи.

    Амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука,во своето обраќање истакна: „Учеството на таткото во растење на детето е од особена важност за родовата еднаквост,  татковското отсуство за растење  на детето е чекор кон тоа. Фирмите треба да ги поттикнат младите мајки да земаат отсуство заедно со татковците. Во однос на агендата за еднаквост имаме темелен закон кој треба да придонесе во родовата еднаквост, но во реалноста има разлика како се третираат мажите и жените во Јапонија. Во однос на еднаквото присуство на мажите и жените во компаниите, им наложивме на приватните компании да истражуваат и да ги објават јавно податоците за да може состојбата да се подобри.“

    Сања Лукареска, директорката  на Управата за јавни приходи, посочи: „Најдобрите проекти се постигнати, се  направени и имплементирани од жени. Кога дојдов на оваа позиција имаше скептицизам дека млада жена може да води комплексна институција. И тогаш и до ден денес се трудам максимално да ја унапредам позицијата на жената во бизнис секторот. Согласно статистиката расте бројот на жени во бизнис секторот,  но сеуште се соочуваме со помала заработувачка. Жените заслужуваат да имаат исти права како мажите. Да,  не има во бизнис секторот, но единствено нешто што треба да се направи е да тргнеме од истата скала како и мажите. Таму каде се лидерки жените, тие со својот потенцијал се гордост за компанијата, економијата , општеството. Затоа  заеднички да работиме уште повеќе да имаат поголема самодоверба и да им бидеме ветер во грб.“

    .Давид Оберхубер, директор на ГИЗ,зборуваше дека ГИЗ се занимава со три главни подрачја : права,  ресурси и родова застапеност. Тој потенцираше дека во однос на правата од регионот Северна Македонија е најуспешна на овие полиња. Сподели искуство на проектот со работата со нотарите од Балканот за потикнување за известување за сопственици на жени сопственици  на имот и земја, каде  мажите уште ја држат предноста. Северна Македонија  има подобри резултати од други земји. Тој зборуваше за важноста од економската  независност.

    „Со Министерството за труд и социјална политика  работиме за поддршка на ранливите категории преку менторска програма каде ги вклучиме луѓето во континуитет на пазарот на труд“, истакна Оберхубер.

    „Се надевам дека настојувањата за родова еднаквост кои се прават во Филип Морис ќе влијаат на промена и на менталниот склоп кој постои во нашата земја во поглед на ова прашање. Оваа филозофија треба да биде прифатена од страна на сите работодавци не само од големите интернационални компании и треба да биде природна карактеристика на културата на една компанија и целото бизнис окружување, а да не зборуваме за исклучоци и за половата диверзификација како за привилегија Тоа треба да биде норматив,“ истакна Василка Салевска Трајковска од Филип Морис Интернационал.

    Гордана Гавриловиќ, советничка на вицепремиерот министер за култура и претседател на Координативното ело за родова еднаквост Србија, посочи: „Владата на Србија е цврсто посветена на унапредување на родовата еднаквост, за што сведочат позитивните оценки од извештајот за напредокот во спроведувањето на Целите за одржлив развој. Родовата еднаквост е прашање на развој и нашиот пристап во оваа област се заснова на мултисекторската природа на родовата еднаквост и воведувањето на родовата перспектива во сите области од општественото живеење, меѓу другото, во науката, образованието, иновациите кои го поттикнуваат развојот, но и енергија, зелена и кружна економија, заштитна средина и дигитални технологии. Мултисекторскиот пристап и вклучувањето на родовите аспекти во главните политики се клучни во понатамошниот процес на подобрување на положбата на жените во Србија.

    Кика Бабиќ, Агенција за родова еднаквост, Босна и Херцеговина, посочи дека, сите земји од регионот имаат исти предизвици и сличен пристап за воведување родова еднаквост во процесот на европска интеграција. „Овој процес не обединува регионално бидејќи сите го гледаме како процес на зајакнување на човековите права и родовата еднаквост. Тоа е и потреба и обврска без која нема напредок на патот кон ЕУ.“

    Билјана Пејовиќ, раководител на одделение за родова рамноправност ,Министерство за човекови и малцински права, истакна: „ Во соработка со релевантните партнери, Владата на Црна Гора настојува кон зајакнување на свеста по покровителство на клучните друштвени области- медиумите, културата, образованието, за да можеме да генерираме поквалитетна заштита на женските и човековите права , како и човековите права во однос на различните полови и родови идентитети,“ истакна Пејовиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img