Ирскиот министер за финансии Мајкл Мекграт изјави дека го финализира предлогот за формирање фонд во кој вишокот даночни приходи ќе се одлеваат и ќе се канализираат за покривање на долгорочните пензиски трошоци.
Посебно сум свесен дека приходот од данокот на дополнителна добивка треба добро да се искористи, изјави во четвртокот ирскиот министер за финансии.
Приходите од овој данок, кој во Ирска главно го плаќаат странски мултинационални компании, се зголемија повеќе од двојно од 2020 година, достигнувајќи рекордно ниво и обезбедувајќи солиден буџетски суфицит.
„Според мене, ова бара воспоставување нови структури“, рече Мекграт, додавајќи дека новиот фонд ќе биде одделен од резервниот фонд, кој во моментов тежи шест милијарди евра и „служи за корисна цел на краток рок“.„Во следните недели имам намера да побарам од владата дозвола да формира долгорочен фонд од кој парите би можеле да се повлекуваат со текот на времето, бидејќи се зголемуваат притисоците поврзани со стареењето (на населението) и другите структурни трошоци“, рече Ирски министер за финансии.
Формирање ваков фонд во четвртокот побара фискалниот регулатор, предупредувајќи дека финансирањето на државните пензии ќе биде под зголемен притисок во наредната деценија поради стареењето на моментално релативно младото население.
Уделот на граѓаните на возраст од 65 и повеќе години треба да се зголеми од 25 отсто во 2020 година на 46 отсто во 2050 година.
Централната банка на Ирска овој месец прогнозираше дека државниот буџетски суфицит ќе се зголеми од овогодинешните 2,7 отсто од БДП на 4,8 отсто, што би било еднакво на 15,8 милијарди евра, во 2024 и 2025 година.
Министрите, централната банка и фискалниот регулатор истовремено предупредија дека наглото зголемување на приходите од данокот на доход е „ранлива точка“ на јавните финансии и дека државата не треба да се потпира на продолжување на овој тренд.