More

    Како на филм: Фудбалер возел брзо, го прелетал патот и влетал во салата (ВИДЕО)

    spot_img

    Мароканскиот фудбалер Софијан Кијине (25) доживеа тешка сообраќајна несреќа во Лиеж, Белгија, кога буквално влета со својот автомобил во спортска сала. Играчот на ОХ Левен е повреден и пренесен во болница, но неговиот живот не е во опасност.

    Возејќи со голема брзина, Кијине изгубил контрола над своето возило, удрил во тротоарот во кружен тек, го прелетал патот и буквално влетал во соседната сала.

    На видеото кое се шири на социјалните мрежи може да се види како автомобилот на фудбалерот „лета“, удира во спортската сала, и остава огромна дупка во зградата.

    Белгискиот играч од средниот ред на ОХ Левен е повреден и пренесен во болница, но неговиот живот не е во животна опасност. За среќа, никој друг не е повреден, иако во салата имало многу деца. Неколку моменти пред несреќата децата отишле во соблекувалната и никој не е повреден.

    Спортската сала „Луј Мелин“ е дом на клубовите за мини фудбал, кошарка и гимнастика, а сега веќе некое време нема да може да се користи.

    „Софијан Кијине е пренесен во итната медицинска помош во најблиската болница и се вршат дополнителни прегледи, но неговиот живот не е во животна опасност. За среќа, во несреќата не учествувале други возила или лица. Клубот чека повеќе детали за точните околности на несреќата пред понатамошен одговор“, соопштија од клубот.

    Кијине е роден во Белгија и дојде преку младинската академија на Стандард Лиеж. На 18 години се пресели во Киево, играше и за Салернитана, Лацио и Венеција, а минатото лето премина во ОХ Левен.

    Играше за мароканската репрезентација до 20 и до 23 години, а се уште го чека сениорското деби за Атлас Лајонс.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img