Најмалку пет полициски возила, со неколку десетини полицајци од специјалните интервентни единици, со автоматско оружје и со панцири, се излезени во моментов пред Трговскиот центар Скопјанка во скопската населба Аеродром, каде, според јавувања на граѓани, најверојатно се случил оружан грабеж.
Според информациите на граѓани што се наоѓаат на местото, најверојатно станува збор за грабеж на обложувалница. Наводно, неколку напаѓачи кои биле вооружени и маскирани со хируршки маски упаднале во еден од објектите во Скопјанка. Засега нема информации за повредени. Сведоците велат дека припадниците на полицијата биле видно возбудени.