Скокнаа платите на функционерите, и тоа за неверојатни 78%.
Со одлуката, платата на Претседателот на државата изнесува речиси 2.500 евра, односно од 93.000 денари ќе порасне на 165.000 денари.
Близу 2.500 евра е платата на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Министрите ќе добиваат по 1.800 евра, а судиите околу 1.600 евра.
Зголемување ќе добијат и пратениците кои на сегашната плата од околу 60.000 денари ќе добијат плус 700 евра месечно и дома ќе однесат нето плата повисока од 1.700 евра.
Во продолжение, ви пренесуваме дел од реакциите на твитерџиите за оваа тема: