Наставник во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во скопската општина Центар на учениците од прво одделение им поделил работни листови за домашна задача, на кои од децата се бара да напишат „рецепт за среќно семејство“.
На илустрацијата е прикажано семејство од двајца мажи и дете, а едниот од мажите го држи детето во раце. На истиот работен лист, во долниот дел, има илустрација и од две женски лица кои се држат за рака и разговараат.
Родители, кои ги виделе овие работни листови кај своите ученици, ги споделија на Фејсбук и прашауваат што е целта на ваквата илустрација. Дали станува збор за редефинирање на семејната заедница, според кое семејството не мора нужно да се состои од маж, жена и деца, туку може да биде семејство од истополови партнери? Или пак станува збор за две семејства од мажи и жени, кои се дружат и се поделиле одделно мажите, одделно жените?
Дел од корисниците коментираат дека тоа е дела од „прпагандата“ која е застапена во училиштата, според која учениците треба да се навикнуваат дека семејството не мора да се состои од маж и жена, туку може да биде истополово.
Некои од нив наведуваат дека на наставниците во училиштата им биле поделени прашалници од МОН, во кои меѓудругото во графата за пол, покрај „машки“ и „женски“, има понуда како одредба за пол да се одбере и „друго“.
Се обративме до ОУ „Свети Кирил и Методиј“ со барање да дадат повеќе информации за овие работни листови и нивната намена, и ни беше ветено дека училиштето официјално ќе одговори.