More

    Опозицијата смета дека министерката за одбрана треба да си даде оставка поради психичката состојба

    spot_img

    Извештајот за психичката состојба на министерката за одбрана Славјанка Петровска е основа за одземање на нејзиниот безбедносен сертификат, а прашање е дали таа е во можност да го води Министерството за одбрана – смета ВМРО-ДПНЕ.

    „Славјанка Петровска сама се донела во ситуација да се стави под знак прашалник нејзината способност да го води Министерството за одбрана. Извештајот за психичката состојба на Петровска, кој говори за нејзината опседнатост, инхибиција и третманот со седативи, кој, патем самата го нарачала, доколку е во целост вистинит, треба да резултира со нејзина оставка и одземање на нејзиниот безбедносен сертификат.

    Доколку пак Славјанка Петровска извршила влијание користејќи ја својата позиција врз лекарот специјалист да напише Извештај кој ги преувеличува нејзините симптоми, само за да добие оштета на суд, треба да си даде оставка од морални причини.

    Тргнуваме од претпоставката дека Извештајот кој Петровска го нарачала е вистинит, бидејќи самата го доставила до пратеникот Ковачки, и оттука ја повикуваме ДБКИ веднаш да ѝ биде одземен безбедносниот сертификат.

    Имено, согласно чл. 4 точка 13 од Уредбата за безбедност на лицата корисници на класифицирани информации вели дека лице кое страдало или страда од каква било болест или ментална или емоционална состојба, која може да предизвика значителни недостатоци во неговото расудување или доверливост или може да го направи лицето, ненамерно, потенцијален безбедносен ризик, што се утврдува врз основа на медицинска документација, е пречка за издавање на безбедносен сертификат – укажува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

    Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ го повикува премиерот Димитар Ковачевски, да не чека, и да ја разреши Петровска.

    Во Извештајот, која самата го нарачала, Петровска е опишана како личност која не може да ги извршува непречено своите работни обврски, која е нервозна, збунета, конфузна, која нема волја, која чувствува бесцелност во работата и редица други дијагнози, кои алудираат дека Петровска не е во целосна способност за извршување на своите работни задачи“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img