Германската полиција заплени 1,2 тони кокаин во одморалиштето Грос Кројц, во близина на градот Потсдам.Во соопштението за медиумите на покраинската полиција Бранденбург, се наведува дека одделот за наркотици во акција против трговците на големо со овошје и зеленчук пронашол околу 1,2 тони кокаин скриен меѓу пакувањата со банани.
Утврдено е дека кокаинот со брод се пренесувал од Јужна Америка во Германија, а од таму по копно до Грос Кројц. Полицијата соопшти дека истрагата продолжува.
Во провинцијата Бранденбург во јули 2022 година беа запленети 660 килограми кокаин.