Најмалку четири лица загинале, а повеќе од 20 биле повредени кога автомобил влетал во толпа посетители на карневалот кој се одржувал во мало гратче во јужна Белгија.
Инцидентот се случил во градот Стрепи-Бракуегнис, на околу 50 километри јужно од Брисел, каде рано утрово се собрале околу 150 луѓе, на годишната фолклорна парада.
„Имаме неколку десетици повредени и за жал неколку мртви, изјави градоначалникот Жак Гобер“, пренесува Скај њуз.
Надлежните изјавија дека автомобилот дошол од позади со огромна брзина.
Се уште не е јасно дали инцидентот бил намерен. Градот го активираше својот план за итни случаи. Инцидентот се случил околу 5 часот наутро за време на традиционалната церемонија на карневалот.