Долгоочекуваното продолжение на „Џон Вик“ ја воодушеви публиката, а сега се појави интересен податок за кој обожавателите зборуваат.
Имено, иако филмот трае речиси три часа, поточно 2 часа и 49 минути, Ривс во целиот филм изговара само 380 зборови, пишува „Wall Street Journal“.
Режисерот на филмот Чад Стахелски изјавил дека станува збор за самостојна одлука на актерот којшто одлучил да „пресече“ половина од дијалогот напишан за неговиот лик во оригиналното сценарио.
Стахелски како пример ја истакнал сцената во која Џон Вик зборува за двобојот со негативецот Маркус де Грамонт. Ривс одлучил да „исече“ 50 отсто од дијалогот од сцената за да ја сведе на што помалку зборови.
„Наместо монолози со многу зборови актерот сакаше да го пренесе значењето на говорот на телото и микроекспресијата на лицето. Тој е мистериозен, а мистеријата ѝ дозволува на публиката да ја пополни празнината“, изјавил режисерот.
„Шокантно е да видите колку беше посветен на молчењето“, додал Мајкл Финч, еден од сценаристите на филмот.
Интересно, во продолжението на филмот којшто беше многу пократок во траење од 101 минута, Ривс изговорил вкупно 484 зборови, додека во четвртото продолжени одлучил да каже уште помалку зборови.
Инаку, неговата најлуда низа на непрекинат говор во филмот е реченицата: „Ти и јас одамна го оставивме добриот живот зад себе пријателе“, а само за таа реченица наводно заработил 552.622 долари.
Иако изговорил помалку зборови, Ривс наводно заработил 15 милиони долари за снимањето на новиот „John Wick“, што значи дека за секој изговорен збор бил платен 39.473 долари.