Министерот за правда на Црна Гора, Марко Ковач изјави дека претставници на Јужна Кореја побарале екстрадиција на нивните државјани Хјеонг До Квон и Џун Хон Чанг, кои беа уапсени на аеродромот во Подгорица поради фалсификувани документи.
Квон е осомничен дека е одговорен за загубата на 40 милијарди долари на инвеститорите по колапсот на компанијата што ја основа криптовалутата „Тера“ (Terra).
Ковач истакна дека и САД побарале испорачување на Квон, како и оти поради меѓународната потерница има основа создава основа за екстрадиција.
На прашањето која земја има приоритет, Ковач наведе дека за тоа ќе одлучи судот.
Ќе видиме дали ќе има друга земја. Сингапур сè уште официјално не побарал, но од медиумите знаеме дека и во Сингапур се води кривична постапка, истакна Ковач.
Тој додаде дека и САД и Јужна Кореја бараат да им се достават и запленети уреди на уапсените, пред сè лаптопите.
Основниот суд во Подгорица пред неколку дена им одреди мерка притвор до 30 дена на Хјеонг и на Џун.