Викотници, турканици, па дури и размена на пцовки имало во супермаркетот „Лидл“ во Борча, Србија, каде што настанала тепачка помеѓу неколку повозрасни муштерии.
Тепачката, како што пишуваат српските медиуми, наводно избила поради ќебапи, односно поради ниските цени на овој продукт.
На снимките се гледа како една повозрасна жена се обидува да земе пакет ќебапи додека во исто време ги спречува другите да дојдат до месото.
Во продолжение, погледнете го видеото: