С.Н.(42) од село Кукуречани, битолско, завчера пронашол граната во нива во атарот на селото Могила, соопшти СВР Битола.
Граѓанинот го пријавил случајот во СВР Битола, по што гранатата е безбедно подигната од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување.
Пиротехничарот утврдил дека станува збор за артилериска граната со калибар 75 мм од Првата светска војна.